Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Pazar3.mk со нови Android и iOS Мобилни АпликацииPazar3.mk со нови Android и iOS Мобилни Апликации

          Веќе 18 години Pazar3.mk е синоним за онлајн купопродажба, место каде што секој го пронаоѓа посакуваниот нов дом или каде што се стигнува до новиот автомобил од соништата. Pazar3 е повеќе од веб сајт за огласување. Тоа е место каде што стотици илјади луѓе го пронашле посакуваниот предмет во изминатите години или продале нешто што не им било потребно. 
Главниот приоритет секогаш бил задоволството на корисниците и обезбедување на квалитетни услуги. Со таа цел лансирани се нови ажурирани верзии на Pazar3 Android и Pazar3 iOS апликациите. На брз, лесен и едноставен начин корисниците можат да го пронајдат посакуваниот предмет пребарувајќи низ 550 000+ активни огласи со селектирање на соодветна локација, категорија или клучен збор. 

Што е ново? 

              Дизајнот е доста унапреден со тоа што сите огласи се достапни со подобар визуелен приказ, филтрите за пребарување се поедноставни и секој може да го пронајде посакуваниот предмет многу лесно. 
Регистрирањето на нов оглас сега е доста побрзо само со пополнување на неколку потребни полиња како име, контакт информации и сл. 
Доколку имате профил на Pazar3.mk, Ви следуваат супер поволности како бонуси за прва регистрација на оглас, користење на карго услугата на наједноставен начин, зачувување на посакувани огласи и добивање на известување на нови огласи од зачувани пребарувања, chat комуникација со заинтересираните клиенти и многу други поволности. 
Доколку корисниците немаат профил, можат да се регистрираат на веб сајтот со креирање на Pazar3 сметка.
Доколку сте сопственици на компанија и сајтот го користите како бизнис корисник, имате многу добри попусти за огласување, полесно менаџирање, дедицирана корисничка поддршка, бонуси и многу други поволности.

Во продолжение Ви преставуваме неколку причини зошто да користите мобилна апликација на Pazar3.mk?

        Брза продажба: Со едноставни чекори за регистрирање на нов оглас, внесување на контакт информации, прикачување на слики со добар квалитет ќе добиете брзо објавување на огласот и секако брза продажба. Едноставниот кориснички интерфејс на апликацијата го олеснува процесот на регистрација и прикажувањето на огласите. Користењето на екстра опциите за брза продажба исто така ќе Ви овозможи Вашиот оглас да биде промовиран пред голем број на корисници.
Голем избор на производи: Без разлика дали сте во потрага на мобилни телефони, гарнитура, нова облека, нов стан или нов автомобил Pazar3.mk е вистинското место каде што ќе пронајдете тоа што Ви треба.
Купување од локални продавачи: Pazar3.mk Ви помага да се поврзите со локалните продавачи и да им кажете збогум на трошоците за испорака од странство и давачките за царини и достава. 
Безбедноста на прво место: Со Pazar3.mk добивате сигурност и безбедно шопинг искуство. Тимот за корисничка поддршка ги проверува огласите и огласувачите и шансите за несериозни огласи се сведува на минимум.

          Симнете ја Pazar3 мобилната апликација сега и придружете им се на стотици илјади корисници кои веќе уживаат во придобивките кои ги нудат Pazar3 Android и Pazar3 iOs апликациите.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации